Маж од радовишко паднал од трактор и бил прегазен, приведен возачот на тракторот
На 25.07.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Радовиш, лекар од Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека за укажување на лекарска помош бил донесен Р.Ѓ.(72) од село Воиславци, радовишко, кој се здобил со повреди при пад од трактор на место викано „Стопанството“, во атар на село Воиславци, радовишко .
Тој бил пренесен во Медицински центар Штип, каде починал. Извршен е увид на местото на настанот од страна на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица, трудов инспектор и екипа на ОВР Радовиш, при што било утврдено дека Р.Ѓ. превезувајќи се на трактор управуван од Р.П.(58) од с. Раклиш, радовишко, додека седел на десната страна во кабината, паднал од тракторот, по што бил прегазен со задната десна гума на тракторот.
По наредба на јавен обвинител, возачот на тракторот Р.П. е лишен од слобода, а телото на починатиот е дадено на обдукција.
Ново на Сител
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари
-
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел