Тенис
20. November 2016 - 9:05

Мастерс: Ѓоковиќ експресно до финалето со Мареј

Новак Ѓоковиќ експресно со 2-0 во сетови и за два загубени гема (6:1 и 6:1) успеа да се пласира во финалето на Мастерсот во Лондон. Тој синоќа го совлада Кеи Нишикори и се избори за финале со Енди Мареј. Мечот со Нишикори траеше 66 минути.

Финалето Мареј - Ѓоковиќ ќе биде осми пати двајцата најдобри тенисери во годината во финалето да решаваат за позицијата број 1 на крајот од годината. Ова е осмипат финалистите во ваквиот вид на натпреварување без пораз да стигнат до завршниот меч. Ова е првпат по 2000 година последниот меч во годината да одлучи кој тенисер ќе биде број 1.
Почетокот на финалето е во 19 часот.