Судирот почнал во вторникот меѓу Дени Бејкер, осомничен за убиство и Мајкл Мосли, роднина на жртвата.
Масовна тепачка во затвор во Тенеси: Излегоа од келиите и тргнаа кон убиецот

Најмалку 50 затвореници учествуваат во масовна тепачка во затвор во Тенеси.
Шерифот на округот Четам, Мајкл Бридлов, уште претходно побара помош од локалните законодавци. Рече дека поради пребукираност ќе изгради уште една установа, а во моментот на избивање на судирот имало 76 затвореници повеќе од предвиденото.

Тие се до тепачката биле раздвоени, меѓутоа стражарите не можеле да ја смират масата кога тие побегнале од ќелиите.
„Кога влетал првиот стражар, се обидел да ги раздвори, но во тој момент веќе почнала тепачката“, рекол Бридлов.
Затворениците излегле од ќелиите искористувајќи ги рамките од креветите. Од еден блок тргнале кон другиот, а мета бил Бејкер. Еден маж се качил на спратот, го зграпчил одзади и потоа почнал да го дави.
Набрзо се створиле уште луѓе кои затвореникот почнале да го шутираат додека уште бил на земја.
Двајца стражари се обиделе да се вмешаат, но и нив ги оттурнале.
Шест затвореници, вклучувајќи го Мосли, префрлени се подоцна во друг затвор.
„Чуварите се под голем стрес, но работат одлични, и покрај се“, рекол управникот.
Во затворот со 116 кревети моментално престојуваат 192 затвореници, а зградата е стара 32 години.
„Опасно и вознемирувачко. Што има толку луѓе на едно место, ќе има конфликт“, рече Бридлов.
Ново на Сител
-

Села го напушти Ахмети – пратениците ќе делувале како независни
-

Поплави, одрони, вирови и отежнат сообраќај по обилните дождови во Македонија
-

Се излеа хемиска пена на булеварот во Автокоманда, Ѓорѓиевски соопшти дека го пронашле сторителот
-

Љубојно 100 дена со протести се спротиставува на сечата
-

Преглед на вестите од светот
-

35 лица седнуваат во судница, почнува судењето за пожарот во Kочани
-

ВМРО-ДПМНЕ бара реформирање во судството
-

Зголемен водостојот на Вардар и Радика, УХМР апелира на внимателност
