Марта Маркоска на Меѓународен поетски фестивал во Италија
Поетесата Марта Маркоска гостува на Меѓународниот поетски фестивал „Европа во стихови“, што се одржува во Комо, Италија од денеска до 9 април.
Маркоска ќе ја претстави нејзината најнова поетска книга „Црни дупки во нас“, во издание на „Галикул“, за која ги доби наградите „Тодор Чаловски“ (2015) и „Бели Мугри“ (2014). Поетесата зад себе има уште седум авторски книги и други награди.
Оваа година „Галикул“ го објави и второто, двојазично, македонско-англиско издание на книгата „Црни дупки во нас“ (Black Holes Within Us), a песни од книгата досега беа преведени и на турски, кинески, виетнамски, романски, италијански, хрватски и бугарски јазик.
На меѓународниот фестивал во Комо ќе гостуваат поети од повеќе земји од светот - Норвешка, Ирска, Колумбија, Романија, Куба, Мексико, Турција и Швајцарија. Поетесата Марта Маркоска е единствена претставничка од Македонија.
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси