Loading Video...
Спорт плус
12. February 2023 - 17:45

Марко Одермат освои злато во спустот на СП во Франција

Марко Одермат е новиот светски шампион во најбрзата скијачка дисциплина спустот.
 
Швајцарецот со своето прво Мундијалско злато стигна на патеката во францускиот ски-центар Куршевел, остварувајќи најбрзо време 1:47,05 минути.
 
Тој го доби директниот дуел со Александер Амот Килде и тоа за 48.стотинки, па Норвежанецот мораше да се задоволи со среброто негово второ на ова првенство.
 
Дека Канаѓаните имаат одлични натпреварувачи во брзите дисциплини потврди и Камерон Александер, кој заостана 89.стотинки зад новиот шампион, додека неговиот сонародник Џејмс Крофорд, кој беше сензационален победник во Супер Џи, сега заврши како петто пласиран.
 
Утре е слободен ден, а шампионатот продолжува во вторник кога на програмата е екипниот паралелен слалом.