Марина со двете ќерки се отсели во Чернобил: Еве како изгледа животот во средиштето на радијацијата, куќите се продаваат за џабе

Иако чернобилската нуклеарна катастрофа во 1986 година остави пустош зад себе поради стравот од зрачење, сега луѓето повторно се одлучуваат за живот во урнатините и куќите на работ на зоната на искулучување околу Чернобил.
Марина Коваленко со своите ќерки Ирина и Олена и семејното куче се едно од тие семејства.

Семејството на Марина има уште неколку соседи, но се работи за постари луѓе кои имаат над 70 години.
Марина со ќерките ги спакува работите и се пресели во селото Стешчина и покрај тоа што таму нема речиси ништо, и е оддалечено само 30 километри од чернобилската зона на исклучување.

Куќата на Марина е во многу лоша состојба, подовите се скапани, металните радијатори испукани, што не е незначајно бидејќи во текот на зимата температурите паѓаа до - 20 степни. Имаа основни работи како гас, струја и мобилен сигнал, такашто пристапуваат на интернет.

За несреќа имаат само надворешен тоалет, а водата им е загадена па мора да ја провријат пред упореба.
Куќите кои се во добра состојба во селото може да се купат за околу 3.500 долари, а ги нема многу. Повеќето празни домови се направени од дрво и се продаваат главно за помалку од неколку стотини долари.

По доаѓањето во селото Марина била сиромашна на себе и на ќерките да им дозволи дури и една од поевтините куќе. Наместо тоа управниот одбор и понудил сместување во една куќа под услов да се грижат за старец во доцна фаза од деменција. Кога мажот умрел пред 2 години, семејството ја наследило неговата куќа.

Сестрите после училиште главно и помагаат на мајката во градината и внимаваат на животните. Од државата месечно добиваат 183 долари, што им е единствен извор на приход, така што се приморани сами да садат храна и да ги одржуваат домашните животни поради млеко и месо.
Марина и нејзините две ќерки побегнале од Тошкивка, град во подрачјето Донбас во Украина поради вооружениот конфликт.
Ново на Сител
-

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина
-

Маж од Петровец ја удирал и гушел својата сопруга, и пробал со каиш да и ги врзе нозете
-

Вучиќ: Се извинувам за некои работи што ги кажав
-

Предложен притвор за 37-годишик за недозволено држење муниција
-

МЗ: Продолжува процесот на континуирано стручно усовршување на докторите по стоматологија
-

Социјалистичка партија: На 2 ноември гласаме за иднината на Македонија
-

Кривични пријави за наставничка и директорка од Кавадарци кои ширеле приватни пораки на нивна колешка
-

Скопјанец осомничен за повеќекратно загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка
