Маричиќ: Извештајот ќе биде наш водич за нови реформи
Уште еден позитивен Извештај на Европската комисија за 2022 година. Следува анализа и точно мапирање на областите на кои треба да се фокусираме и со силни напори и повеќе реформи да направиме голем чекор напред на патот кон ЕУ, објави вечерва вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на неговиот официјален фејсбук профил.
Маричиќ присуствуваше на средбата во Владата на која шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, на премиерот Димитар Ковачевски му го предаде годишниот Извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2022, прв после отворањето на преговорите со Европската Унија.
-На средбата евроамбасадорот Гир ги пренесе пораките од Европската комисија која го поздравува почетокот на преговарачкиот процес, одржувањето на меѓувладината конференција и напорите кои ги правиме за забрзување на патот кон ЕУ. Новиот Извештај, со сите забелешки и укажувања за напредокот на Северна Македонија, доаѓа во текот на скрининг процесот и несомнено ќе биде наш водич за нови реформи, стои во објавата на Маричиќ
Ново на Сител
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо
-
Обвинение за членови на група за проституција и дрога, вмешан и полицаец
-
Матичните лекари бележат зголемен број на болни од грип и други респираторни инфекции
-
Уметност без пари
-
Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп
-
Николоски: Нова евтина авиолинија