Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија
Македонија е подготвена за брзо почнување на преговорите со Европската унија. Од Меѓунардноата Паневропска унија денеска со порака – неоправдан е едностраниот пристап кој на македонскиот народ му го негира правото на свој јазик и идентитет и со кој се тврди дека македонската нација е создадена вештачки.
- Според таа логика, може да се постави прашањето – ‘која нација во Европа не е ваштачка?’. Ако се следи таквата перспектива, тоа ќе отвори бројни спорови меѓу Австрија и Германија, Белгија и Холандија, Шведска и Норвешка и тој список може да продолжи уште подлабоко во далечното минато. Да пратиме силна и јасна порака, Македонија е зрела и подготвена земја за брзо почнување на пристапните преговори и за полноправно членство во ЕУ. Македонија може да послужи како модел за други земји во Југоисточна Европа, покажувајќи дека патот кон европската интеграција е остварлив, рече Паво Баришиќ, генерален секретар на Меѓународната Паневропска унија
Пораката Баришиќ ја испрати од меѓународната конференција „Бизнис дипломатијата“ како можност за раст на економијата и меѓунардоната соработка. Во оваа насока министерот Муцунски вели дека со проширените ингеренции на министерството за надворешни работи со надворешната трговија, сега и амбасадорите активно ќе работат на привлекување странски инвестиции и економскиот развој на државата.
- Токму во оваа насока се и последните законски измени, со кои Министерството за надворешни работи стана Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, со што официјално ги презедовме надлежностите во делот на креирањето политики поврзани со странските инвестиции и надворешната трговија. Согласно тоа, преку засилена активност на дипломатско-конзуларните претставништва и усогласено со приоритетите на Владата, во следниот период активно ќе се работи на остварување на овие економски цели, а со тоа и на забрзување на економскиот развој на државата, вели Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
Меѓународната Паневропска унија е најстарото европско движење кое повеќе од седум децении цели кон силна и обединета Европа. Нејзините предводици 15-тина години испраќаат пораки дека Македонија е подготвена и нема друга алтернатива освен европската иднина.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар