Маричиќ: Глоби за граѓаните кои ќе одбијат да бидат попишани
Министерот за правда Бојан Маричиќ смета дека сите граѓани треба да бидат попишани бидејќи државата веќе ги има најголем дел од податоците преку различните регистри на институциите.
„Тоа што ни треба е верификација на тие податоци за да добиеме една целосна, вистинита и реална слика. Нормално постојат и прекршочни мерки, односно глоби за оние кои би одбиле попишувачи, меѓутоа ние не сакаме како институција и како Влада воопшто да посегнуваме по тие методи. Сакаме да ги мотивираме и затоа и ја правиме оваа кампања, и јавно ги повикуваме граѓаните да се попишат бидејќи нема никаков интерес да не се попишат. Не се прави никаква политичка изјава со тоа што нема да се потпишат. Пописот е важен за сите“, посочи Маричиќ во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.
Ново на Сител
-
Телеком го поддржа театарскиот проект Замисли нов свет
-
Преглед на вестите од светот
-
Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
-
Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците
-
Одбележани 30 години соработка со УНХЦР
-
Диви свињи ги уништуваат нивите на брегот на Охридското езеро
-
Штипските студенти од УГД ќе можат да студираат во Европската Алијанса на Универзитети
-
Преглед на вестите од светот