МАНУ ќе соработува со Владата за сите клучни прашања за државата

Премиерот Зоран Заев во придружба на министри од Владата денеска ја посети на Македонската академија на науките и уметностите и од претседателот на МАНУ Таки Фити се информира за работата на Академијата која годинава одбележува 50 години од основањето.
МАНУ во дописот до медиумите информира дека Фити искажал целосна подготвеност за соработка со Владата по сите клучни прашања во областите на науките и уметностите, како и со давање експертска поддршка на патот кон евроатлантските интеграциски процеси и развојот на државата.
- Фити посебно истакна дека во соработката МАНУ секогаш инсистирала на почитување на нејзината самостојност, загарантирана со Законот за МАНУ, информира Академијата.
Претседателот на Владата истакнал дека од МАНУ очекува да се вклучи во сите процеси на изнаоѓање најдобри решенија за подобри перспективи за државата.
- Премиерот Заев, во своето обраќање до академиците потенцира дека Владата е отворена за соработка и дека почитувајќи ја самостојноста на Академијата како највисока научна и уметничка институција во земјата, очекува МАНУ со сите свои капацитети, со критички однос, да се вклучи во сите процеси на изнаоѓање најдобри решенија за подобри перспективи за државата, особено во областите на образованието, науката, економијата, животната средина, но и во сите други значајни аспекти за идниот развој на Република Македонија, пишува во соопштението од МАНУ за денешната посета на Заев и членови на Владата.
Ново на Сител
-

Касами ја продолжува кампањата за Тетово, рече дека бил градоначалник на сите граѓани
-

Прилепскиот основен суд ги отфрли жалбите и го потврди притворот за 6 лица за случајот со болницата
-

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава
-

Пронајдена е жената што беше пријавена за исчезната во Куманово
-

Герасимовски: Воведуваме ваучери за користење на вештачка интелигенција - современа поддршка за младите во Центар
-

Полицаец пронашол марихуана на Тетовци па го нападнале
-

Ѓорѓиевски: Се реконструира улицата „Жил Верн“, продолжуваме да го уредуваме секој дел за побезбедна и поубава Кисела Вода и Скопје
-

Д-р Кузмановски мора да помине тримесечна обука и да полага испит за продолжување на лиценцата за работа, велат од Лекарска комора
