Манчестер сити и Лион изборија четвртфинале во Лигата на шампионите
Екипите на Манчестер сити и на Лион се пласираа во четвртфиналната фаза од фудбалската Лига на шампионите, откако вечерва ги елиминираа своите ривали Реал Мадрид, односно Јувентус.
На „Етихад“ во Манчестер, Сити по втор пат во осминафиналната пресметка го порази Реал. И овој пат резултатот беше 2:1, па „граѓаните“ со вкупни 4:2 одат понатаму.
Стрелци на головите за англискиот тим беа Рахим Стерлинг во 9. минута и Габриел Жезус во 68. минута. За Реал погоди Карим Бензема во 28. минута.
И Јувентус забележа победа со 2:1 вечерва на домашен терен против Лион, но тоа не беше доволно за италијанскиот шампион, па францускиот тим по победата на свој терен со 1:0 и поради правилото гол на гости, се пласира во четвртфиналето.
Лион поведе преку Мемфис Депај во 12. минута од пенал, изедначи Кристијано Роналдо, исто така од пенал во 43. минута. Португалецот го постигна и вториот погодок за „бјанко-нерите“, за пирова победа.
Ново на Сител
-
Битолчанка со измама добила лична карта и трансакциска сметка од друго лице, и на негово име подигнала брз кредит
-
Приведен кавадарчанец, возел со 2,52 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода
-
Возеле 160 на место каде што е дозволено 80, уапсени четири лица во гостиварско
-
Променливо и нестабилно време со повремен дожд и во наредните денови
-
Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
-
Од 968 сообраќајни прекршоци вчера, 636 за брзо возење
-
Бројот на одобренија за градење во март зголемен за 4.0 %, а на предвидената вредност на објектите за 244.2 %
-
Приведен кумановец за поседување дрога, при претресот на домот констатирале и дека краде струја