Манасиевски: Кандидати за советници од СДСМ во Струмица крвнички тепаат странски државјани | ВИДЕО
Вистинската СДС се покажува на дело, кандидати за советници од Струмица крвнички тепаат странски државјани, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
- Кандидатите за советници во Советот на општина Струмица, Христијан Ефтимов, кој воедно е и претседател на младите на СДС и Илија Стојанов, крвнички тепаат странци во Струмица. Ве замолувам да го проследиме видеото. Целата македонска јавност увиде на каков начин СДС владее во Струмица, ширејќи страв и трепет врз останатите жители или туристи кои биле во тој период во градот. Да нагласиме дека освен овие насилници кои ги видовме во видеото, има и други кандидати за советници од СДС имаат кривични пријави, а за еден има и прекршочна пријава за насилство. Јасно е дека СДС во Струмица знае само за еден пристап, а тоа е заплашување на народот и физичка агресија врз него СДС наместо да понуди визија, програма и идеа, тие нудат тепачи и насилници да бидат дел од советничката листа на СДС во Струмица. Во однос на оваа крвничка тепачка од страна на насилниците од СДС врз странски државјани, јавноста мора да знае дека МВР има поднесено кривични пријави, но секако погодувате, судството нема донесено никаква правна разрешница, истакна Манасиевски.
Овие луѓе не смеат да бидат нашата иднина, и бараме осуда и оградување од страна на СДС и локалното раководство. Исто така, бараме и правда и одговорност. Време е за вистинска промена во Струмица, додаде Мансиевски.
Ново на Сител
-
Дојава за бомба кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
Четворица дебрани на семејна веселба пукале со пиштоли, поднесена кривична пријава
-
Тетовец при расправија извадил пиштол и му се заканувал на својот брат
-
По предлог на Васев пациентка на Онкологија примала експериментална терапија
-
Едно лице почина, а четворица се повредени по тешка сообраќајка на патот Штип-Кочани
-
ДИК: Ќе се гласа само еднаш, гласањето е тајно, со важечка лична карта или пасош и биометриска идентификација
-
Кај 68-годишник од Скопје пронајдени марихуана и засадени стебла канабис
-
Фон дер Лајен: На нашето небо се случува нешто ново и опасно, се соочуваме со хибридна војна