Манафорт лажел, ја загрозил истрагата на Малер

Поранешниот менаџер на изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп, Пол Манафорт, лажел за време на сведочења во Федералното истражно биро на САД (ФБИ) и со тоа ги прекршил правилата на нагодбата, поради што му се заканува казна и до 10 години затвор.
Светските медиуми оценуваат дека тоа би можело да ја загрози истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за можно руско мешање во американските избори во 2016 година, која би требало да заврши наредните месеци.
Поранешниот менаџер на Трамп беше обвинет во август за банкарска измама и криење банкарски сметки. Тој ја призна вината за да избегне обвиненија за перење пари, меѓу другото, но потоа лажел, се наведува во судски документ.
Манафорт (69) изјави дека не се согласува со оценката на Малер дека лажел, стои во истиот документ.
Тимот на Малер и адвокатите на Манафорт се сложиле дека повеќе нема причини за одлагање на изрекувањето на казната, која може да биде и до 10 години затвор.
Малер го обвини Манафорт дека користел 31 странски банкарски налози за да избегне плаќање на даноци во вредност од повеќе милиони долари. Како доказ е понуден луксузниот стил на живот на Манафорт, за кој обвинителите тврдат дека не би бил возможен ако не извршил финансиска измама.
Светските медиуми констатираат дека иако тоа не бил фаталниот удар врз истрагата, исклучувањето на податоците кои Манафорт ги дал во рамките на нагодбата значи дека Малер повеќе нема да може да смета на сведокот со длабоки врски во Русија, а кој до средината на 2016 ја водеше кампањата на Трамп.
Би-Би-Си наведува дека обвинувањата против Манафорт се однесуваат на периодот пред да работи за Трамп.
Ново на Сител
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
