Малолетници и странски државјани ноќеска приведени во полициски час
Седум приведени лица во текот на полициски час изминатата ноќ евидентира СВР Тетово. Од лишените од слобода двајца се странски државјани, а тројца се малолетници.
-Прво во 21:35 часот во Желино движејќи се со возило „голф“ биле затекнати две лица, возач на 29 години од истото село и сопатник на 28 години од Требош. Десетина минути по полноќ, на улица „Илинденска“ во Тетово, приведени се Т.М.(28) и Б.Ц.(30) од Република Албанија, кои непријавено престојувале на подрачјето и кои ја прекршиле забраната за движење. Во 01:45 часот на улица „29 Ноември“ затекнати се малолетници на 13, 14 и 17 години кои се приведени во присуство на родител, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
За неносење заштитни маски на 30 луѓе им се изготвени прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест