Малолетничка заврши во болница со фактура на носната коска по пад од мотор
Во СВР Велес синоќа во 21:40 часот било пријавено дека на улица „Вардарска“ во Велес, мопед „џонвеј“ со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник, удрил во тротоар и паднал на коловозот. Како што информираа денеска од СВР Велес, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во болница во Велес.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Како што информира за МИА, Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, малолетната 16 годишна сопатничка на мопедот во Ургентниот центар на велешката Општа болница со возило на Итна помош била донесена околу 22 часот. По направената компјутерска томографија на глава дежурниот тим на лекари констатирале повреди на главата и фрактура на носна коска. Поради сериозноста на повредите со медицинско возило од болницата била однесена на понатамошно лекување во Скопските Клиники „Мајка Тереза“.
Ново на Сител
-
Рекорден ден со пожари - 54, вечерва активни 19, загрозени неколку села
-
Пожар во новиот мол во Битола
-
Малолетници силувале девојче во катна гаража во Центар, го снимиле чинот
-
Силна експлозија во Бејрут
-
Екофлуид - yправување со масла и отпадни масла | Бесник Адеми | Бизнис приказни | Sitel Podcast 055
-
Пожарот над Пехчево се доближува до куќите | ВИДЕО
-
Пожар во близина на селото Црвени Брегови
-
Строиманци: Хеликоптер гаснел пожар околу куќа во која биле заглавени 7 лица