Македонија
30. July 2024 - 16:39

Евакуација во Стар Дојран

Голем пожар во Дојран, неколку куќи се зафатени, а поголем број граѓани  евакуирани. Поради силниoт ветер огнената стихија им се заканува и на останатите објекти во околината и се движи кон туристичкиот центар. Според првичните информации пожарот избувнал кај депонијата на месноста Карач и почнал да се шири кон Стар Дојран. На терен се повеќе противпожарни екипи од Дојран, Валандово Гевгелија и Струмица, а во гаснењето помага и локалното население, но сериозен проблем им содава силниот ветер кој само ги распламтува пламените јазици. Градоначалникот на Дојран вели состојбата била алармантна, посебно поради долгото чекање за почеток на   интервенцијата од воздух.

Ова не е единствениот пожар денска во Дојран. Во текот на денот пожар избувна и во близина на селото Николиќ кој се префрлил на грчката страна од езерото.