Рекорден ден со пожари - 54, вечерва активни 19, загрозени неколку села

На територијата на државава денеска Центарот за управување со кризи евидентирал рекорден број пожари на отворено - 54, од кои активни се 19, а oстанатите се целосно изгаснати или ставени под контрола.
Пoжарот кој беснее на територија на општина Пехчево, го загрозува селото Негрево.
Сериозен пожар има и на територија на општина Куманово. Тој загрозува куќи од селото Живине.
Во кратовското село Татомир, исто така, има опасност огнените стихии да ги зафатат куќите.
На територија на општина Свети Николе, огнени јазици му се закануваат на селото Долно Ѓуѓанци, каде пожарот беснее веќе втор ден.
Голем пожар има и во општина Македонски Брод, кој трае со денови и претставува закана за две села. Од ЦУК потсетуваат дека вчера биле евакуирани вкупно девет лица од тие села.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вечерва потсети дека најчесто, пожарите се разгоруваат околу пладне, а во текот на ноќта - стивнуваат.
- За жал и утре нѐ очекува ветровит ден и утре нѐ очекуваат голем број пожари. Сите пожари се разгоруваат најчесто околу пладне и веднаш попладне. Во текот на ноќта, истите ја намалуваат својата моќ, некои од нив и „заспиваат“, односно загаснуваат. Но, со покачувањето на дневните температури, тие се разгоруваат повторно и претставуваат закана за населението, рече Ангелов.
Претходно Ангелов преку видео изјава соопшти дека денеска повторно е активиран ЕУ механизмот за заштита и спасување и побарана е помош во воздухоплови.
Ново на Сител
-

Пет земји од ЕУ предлагаат привремено ограничување на правото на глас за идните земји членки
-

Ристовски: Фудбалскиот камп на AC Milan во Скопје е ретка можност за нашите млади спортисти да учат од европските гиганти
-

Во полициска акција во БиХ уапсени 13 лица, запленети оружје и експлозив
-

МВР: Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“
-

Вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица уапсени
-

Ученичка извршила напад со нож во училиште во Манчестер, повредени три лица
-

Стефан Богоев излегува од притвор, судот ја прифати гаранција од 55 илјади евра
-

Груевски: Ретко демантирам, но никогаш не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко
