Малком Икс доби улица во Анкара, на која ќе се пресели американската Амбасада

Новата локација на американската Амбасада во Анкара ќе се наоѓа на улицата „Малком Икс“, која денеска и официјално го доби новото име во чест на познатиот активист за човекови права, јави агенцијата Анадолија.
Новиот знак на улицата која го носи името „Малком Икс“ (Malcolm X Caddesi), е поставен во близина на новата локација на Амбасадата во населбата Чанкаја во Анкара.
Во октомври, Градскиот совет на Анкара едногласно ја прифати промената на името на улицата во чест на Малком Икс, кој е запаметен како лидер меѓу муслиманите во САД и активист за човекови права, потсетува Анадолија.
Малком Икс е роден во 1925 година, а убиен е на 21 февруари 1965 година во Вашингтон Хајтс, Њујорк, по неговиот релативно кус живот во постојаната борба за правата на црномурестите лица.
Ново на Сител
-

СВР Битола апелира битолчани да не наседнуваат на телефонски измами
-

ОЈО: Истрага за сообраќајната несреќа во која загина велосипедист
-

Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 121
-

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Прилеп - Росоман
-

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година
-

Родител пријавил дека неговата малолетна ќерка била допирана додека била на училиште
-

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат
-

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија
