Бизнис
2. January 2022 - 16:40

Малите бизниси соочени со затворање, за ССМ се става крај на неплатената работа во недела

Неработната недела е тежок товар за малите бинзиси. Од занаетчиската комора велат дека тие што може да работат ќе треба да платат дополнителна дневница, во овие услови на енергетска криза нема да можат да ги поднесат трошокот. Веќе најавила затворање и отпуштање работници. Друг проблем е што законите кои го регулираат прашањето с еполни со недоречености и нејаснотии.

За синдикатот, решението за неработна недела можеше да биде подобро ако целата материја се уредеше со еден закон, тој за работни односи, наместо доплнително и со законот за трговија. Но, велат дека со ова конечно се става крај на неплатената работа во недела и на работатата на дејности кои не се нужни.

Согласно законот за работни односи над 40 дејности се нужни и во недела може да работат, но да платат дополнителна дневница на своите вработени која може да изнесува  и до 250%. Соглансо законот за трговија пак, продавниците можат да работат во трговски центри со површина поголема од 8.000 метри кавдратни и во туристичките места. Работниците од трговијата кои ќе работат во недела имаат право на неработен ден во текот на неделата и на доплонителна заработувачка. Соглансо измените, 92% од работниците во земјава не смеат да работат во недела.