Малала ја заврши посетата на Пакистан
Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир во историјата, Малала Јусафзаи (20) денеска ја заврши посетата на Пакистан.
Таа првпат беше во татковината откако талибански екстремист во 2012 година ја застрела поради нејзиното залагање за едукација на девојчињата.
По посетата Малала на Твитер напиша дека Пакистан за неа е „најубавото место во светот“. Таа планира по завршување на факултетот во Велика Британија да се врати и да живее во Пакистан.
Малала во октомври 2012 година беше застрелана во глава од припадник на талибанците, кој упадна во училишен автобус, барајќи ја неа. Таа во многу конзервативните делови на Пакистан го афирмираше правото на жените на образование, поради што стана мета на атентатори.
По инцидентот таа беше оперирана од воен хирург во Пакистан, а на посттрауматско лекување замина во Велика Британија.
Малала беше застрелана на 14 година, а на 17-годишна возраст стана најмлад добитник на Нобелова награда, напиша книга, зборуваше во Обединетите нации и се стртна со бегалциите. По нападот таа основа фонд Малала, кој според неа, има потрошено шест милиони долари за училишта, книги и за ученички униформи.
Ново на Сител
-
Трамп: Денешниот разговор меѓу Путин и Виткоф постигна голем напредок
-
Јаневска: Учениците и родителите да бидат спокојни, учебници ќе има
-
Новата фудалска сезона во Македонија ќе стартува со ВАР системот
-
Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“
-
Кремљ: Тричасовната средба меѓу Виткоф и Путин беше „корисна и конструктивна“
-
Возило изгоре на паркинг во Велес
-
Контрола на УЈП за фискализацијата, неправилности кај 30 отсто од субјектите, четири затворени
-
Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури