Бизнис
9. April 2020 - 16:50

Мал интерес за владините мерки, само 136 компании пријавиле интерес

Од 35 илјади компании со над 250 илјади работници за кои Владата рече дека ќе ги помогне со пакетот од 200 милиони евра преку владини мерки само 136 компании  процениле дека им се исплати да ја искористат мерката за бескаматен кредит од Развојната банка.  Владата првично за бескаматните кредити одвои 5,7 милиони евра, а најави и дополнителни 8 милиони евра. Но, сега се одбрени кредити во вредност само од 1 милион 263 илјади евра.

Нема владина информација и за тоа колку компании се заинтересирале и им е исплатливо да ја користат мерката од 14.500 денари по вработен за месеците април и мај, за каде беше најавувано дека ќе се потроши најголем дел од  200-те милиони евра.

При промовирањето на мерките техничкиот премиер Оливер Спасовски рече дека мерките ќе бидат подобни за дури 87 отсто од компаниите.

Од владејчката СДСМ тврдат дека веќе почнала реализацијата на 200 милиони евра државна помош за копманиите и дека спасуваат 250 илјади работници.

„Започна реализација на големиот пакет првични економски мерки во вредност од 200 милиони евра. Се бориме за спас на секое работно место, за секој работник, да обезбедиме приход за секој човек. Одобрени се и првите бескаматни кредити од страна на Развојната банка, за 136 компании со 1.737 вработени. Поради големиот интерес за оваа мерка, Развојната банка веќе го зголеми буџетот и обезбеди дополнителни 8 милиони евра кои им се ставени на располагање на микро, малите и средните претпријатија. Државата создаде услови, фирмите да покажат одговорност и солидарност, преку користење на мерките за помош и поддршка, да ги задржат сите вработени. Со мерките кои веќе се усвоени и за кои има соодветни Уредби со законска сила, државата спасува 250.000 работни места и помага на 35.000 фирми.“

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, реагираат дека власта потфрлила целосно во економските мерки. Велат дека граѓаните се оставени без приходи и парче леб.

Граѓаните се загрижени поради недостатокот на сериозни мерки кои навистина ќе им помогнат на граѓаните. Состојбата е алармантна 20% од македонските граѓаните добиле привремен отказ. Се работи за катастрофална бројка од над 160.000 граѓани, што значи дека во просек секое петто семејство во Република Македонија останува без еден вработен. Потребен е сериозен пристап и сериозна помош за граѓаните и стопанството, велат од опозициската партија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За проценките дека Македонија најбавно ќе се справи економски со корна кризата се повикуваат на последниот извештај на Меѓубнародна ФМ Глобал.

Македонија е на дното. Таа се наоѓа на 100-тата позиција. Пред нас се сите земји во регионот, Хрватска е на 37-то место, Словенија на 42-то, Србија на 63-то и Босна и Херцеговина на 70-то место....Стигна првата потврда за она што го говори ВМРО-ДПМНЕ: дека ако не се преземат соодветни мерки и навремено, последиците ќе се големи. Сите во регионот економски ќе закрепуваат побрзо од нас. Свестете се, кај нас тешкото допрва претстои“

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се доцни и со медицинските мерки.