Максим Димитриевски кандидат за претседател на ЗНАМ
Максим Димитриевски ќе биде кандидат за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, соопшти денеска партискиот портпарол Никола Мемов.
Како што соопшти Мемов на прес-конференција, од утре почнува постапката за собирање потписи.
Според него, граѓаните првпат ќе имаат можност да гласаат за одредена опција, а не како досега, да гласаат против.
-Очекуваме победа. Нашата анализа покажува дека Димитриевски ќе влезе во вториот круг, за потоа да имаме и конечна победа. Ги повикуваме граѓаните да ја поддржат кандидатурата на Димитриевски во општинските канцеларии на ДИК, нагласи Мемов.
Тој информира дека по завршената внатрепартиска постапка, Извршниот одбор донел одлука да му предложи на првиот Конгрес Димитриевски да биде кандидат за претседател на државата.
-На Македонија и е потребен татко на нацијата, чувар на идентитетот и заштитник на историјата. На Македонија и е потребна предвидливост, надеж, стабилност, сигурност, правда, иднина. На Македонија и е потребен претседател којшто ќе го даде максимумот за неа. На Македонија и е потребен Максим Димитриевски, рече Мемов.
Ново на Сител
-
Поради зголемено присуство на манган забранета за пиење и водата во Гостивар
-
Роналдо е првиот играч во историјата кој постигнал 600 голови на врвно ниво
-
Погба може да ја продолжи кариерата во САД или Саудиска Арабија
-
Милитао ќе ги пропушти натпреварите во Бразил поради повреда
-
ЦУК: Два пожара на отворено, во Гостивар водата не е за пиење, а во Тетово има редуцирано водоснабдување
-
Српскиот премиер Вучевиќ во посета на земјава, најавено потпишување меморандум за соработка во енергетиката
-
Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем
-
Фицо: Украина нема да стане членка на НАТО се додека сум јас премиер