Поради зголемено присуство на манган забранета за пиење и водата во Гостивар
Поради добиени позитивни лабораториски наоди за зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации согласно Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во петокот, издаде забрана за користење на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар. На јавното комунално претпријатие “ Комуналец” кое стопанисуваа со водоводната мрежа во овој град, наредено му е да ги извести граѓаните за забраната, односно дека водата во градскиот водовод не е безбедна за пиење и да обезбеди питка вода за пиење.
По издадените наредби од инспектор за храна на АХВ, ЈКП “ Комуналец”, постапило веднаш.
Во саботата, земени се 4 мостри за бактериолошко и физичко - хемиско тестирање на водата од градскиот водовод, со акцент на присуство на манган, од различни локации и од страна на инспекциските служби на АХВ и од Центар за јавно здравје Гостивар, чии резултати се уште не се добиени.
Ново на Сител
-
Приведен 18-годишник од Кичево, удрил во пешак кој подоцна починал
-
Поп Ацев е петтиот Македонец што го преплива Ла Манш
-
Сибиха: На Украина ѝ се потребни воени и дипломатски гаранции
-
Сто и петнаесет години од раѓањето на Мајка Тереза - светицата на бедните
-
Без струја делови од Центар и Карпош
-
Доделување на државната награда „Мајка Тереза“
-
Претседателскиот кандидат Хорхе Кирога ќе ги блокира договорите за литиум со Кина и Русија
-
Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели