Макрон за изјавата на Трамп дека ќе воведе царини: ЕУ е сојузник, а не проблем на Америка
Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Европа е сојузник на СAД и дека Америка доколку сака Европа да биде ангажирана во поголеми инвестиции, безбедност и одбрана, тоа не треба да им наштети на европските економии заканувајќи им се со царини.
„Моето прво прашање за САД е: Дали Европската унија е ваш проблем број еден? Не, не мислам така. Вашиот прв проблем е Кина. Второ, Европа ви е сојузник. Ако сакате Европа да биде ангажирана во поголеми инвестиции и безбедност и одбрана. . . не треба да им наштетувате на европските економии заканувајќи им се со царини“, рече францускиот претседател.
Трамп го критикуваше трговскиот дефицит на САД со Европската унија, кој се зголеми за 26,9 милијарди долари на 235,6 милијарди долари во 2024 година, според податоците на американската влада.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација