Макрон, Мерц, Стармер и Туск во Киев: Поддршка за Украина и повик за прекин на огнот
Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и премиерите на Велика Британија и Полска – Кир Стармер и Доналд Туск, пристигнаа во посета на Киев за да ја покажат нивната “непоколеблива” поддршка за Украина и да го потврдат апелот на САД за „целосен и безусловен 30-дневен прекин на огнот”.
Покажувајќи ја својата моќ, рускиот претседател Владимир Путин вчера угости околу дваесет странски државници, меѓу кои и кинескиот претседател Си Џинпинг, на Црвениот плоштад во Москва. Сега, лидерите на Франција, Германија, Велика Британија и Полска за првпат заеднички ја посетуваат Украина.
“Ќе продолжиме да ја зголемуваме поддршката за Украина. Ќе го засилиме притисокот врз руската воена машинерија сè додека Русија не се согласи на траен прекин на огнот”, порачаа тие во заедничко соопштение.
Оваа посета, означена како “историска”, се случува четири дена по изборот на новиот германски канцелар Фридрих Мерц, кој претходно ги посети Париз и Варшава.
Во Киев, четворицата лидери заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе одржат онлајн средба со останатите лидери од т.н. “Коалиција на подготвените”, каде ќе информираат за прогресот во формирањето на алијанса која ќе ги здружи воздушните, копнените и поморските сили за поддршка на реорганизацијата на украинската армија по евентуален мировен договор.
Ново на Сител
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија
-
Пакистан подготвен за мир ако Индија ги запре воените дејства, вели министерот Дар
-
Макрон во Киев: Подготвени сме да помогнеме ако има прекин на огнот од 30 дена
-
Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан
-
Токсичен облак кај Барселона: Властите апелираат граѓаните да не излегуваат надвор
-
Трамп потпиша извршна наредба за почеток на програма за самодепортација