Макрон: ЕУ може да умре
Економијата на ЕУ треба да стане поконкурентна со САД и Кина или „може да умре“, рече францускиот претседател Емануел Макрон на настанот „Глобален дијалог“ во Берлин.
Според Макрон, 27-члениот блок заостанува зад Вашингтон и Пекинг, кои ја надминаа ЕУ по економско производство и инвестиции.
Тој предупреди дека Европската унија е во многу несигурна ситуација и може да се соочи со проблеми доколку не успее да го продлабочи својот единствен пазар и да ја реши „фрагментацијата“.
-ЕУ може да умре, ние сме на прагот на многу важен момент. Нашиот поранешен модел заврши – премногу регулираме, а премалку инвестираме.
Во следните две до три години, ако ја следиме нашата класична агенда, ќе бидеме надвор од пазарот, рече Макрон.
Францускиот претседател, исто така, предупреди дека ако ЕУ не успее итно да ги реформира регулативите, блокот ќе биде принуден да спроведе спасувачки план за пет до десет години.
Тој ги повика земјите-членки да извршат притисок за фер правила за глобална трговија, а исто така го повика Брисел да го финализира пакетот финансиски правила на банкарската унија, според Блумберг.
Ново на Сител
-
Реформи веднаш за поголем економски раст
-
Директорката на Клиниката за деца “Козле” на состанокот кај Таравари ги негирала обвинувањата од 30 специјалисти
-
Преглед на вестите од светот
-
Скопјани се подготвуваат за викенд без вода
-
Артан Груби побарал укинување на притворот
-
Македонското и косовското МВР не откриваат дали Груби и Бајрами се лоцирани во Косово
-
По 4 дена од ДУИ порачаа дека не се совршени, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си ја префрлаат вината за бегството на Груби
-
Анализа: Кои убиства беа расчистени?