Макрадули: До 2020 година ќе се забрани греење на јаглен во Македонија
- Македонија до 2020 година ќе забрани јагленот да се користи како средство за затоплување, ова го истакна заменик-минситерот за животна средина Јани Макрадули, кој учествува на Светската климатска конференција во Бон.
- Две третини од загадувањето во Скопје е резултат на затоплувањето на домовите и користењето на несоодветни материјали и затоа тоа е приоритет на Владата за решавање, изјави Макрадули за Дојче веле на македонски јазик.
Некои податоци, како што соопшти, покажуваат дека дури 100 семејства на територија на општина Центар во Скопје се греат на јаглен, а многу од домовите се затоплуваат со неквалитетни дрва но и со друг штетен материјал.
Макрадули вели сите дишеме ист воздух и сите сме заинтересирани за намалување на загадувањето, кое може да се реши само со интегриран пристап и со активности во сите области паралелено и со мерки на долг рок но кои треба веднаш да почнат да се реализираат.
Ги напомена мерките што се предвидени, краткорочни и долгорочни и очекува тие делумно да го намалат загадувањето.
Посочи дека треба да се работи на јавниот транспорт во Скопје особено за приватните и за такси превозот и оти приоритет е делот на затоплување на домовите бидејќи, како што рече две, третини од загадувањето доаѓа од загревањето на домовите.
Најави дека идната недела почнуваат активностите за пречистителна станица во Скопје на Вардар, за што посочи дека прават многу проблеми градбите во реките. Исто така посочи дека наредната година приоритет се активности и за решавање на проблемот со линданот во ОХИС.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел
-
Русија: Го уапсивме човекот кој го уби генералот Кирилов
-
Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за упокојувањето на митрополитот Тимотеј
-
Лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан ќе се сретнат на разговори во Брисел
-
Без струја делови од Карпош и неколку приградски населби
-
Сончево со локална облачност, наутро со услови за магла по котлините
-
Состојба на патиштата
-
ОЈО Скопје ќе бара од МВР распишување национална потерница и меѓународна потерница за Груби и Бајрами