Македонско вино и храна на „Продекспо 2017“
Македонија со национален штад ќе се претстави на најголемиот саем за широка потрошувачка во Руската Федерација и во Југоисточна Европа „Продекспо 2017“ што ќе се одржи од 6 до 10 февруари во Москва.

Настапот на македонските компании е во организација на Македонска-руската стопанска комора (МРСК) и со финансиска поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Како што соопшти МРСК, на овој исклучително значаен деловен настан од областа на производството и пласманот на стока за широка потрошувачка, своите производи ќе ги изложат винариите „Стоби“ од Градско, „Далвина“ од Струмица и „Кралската винарија“ од Демир Капија, производителите на сирење и кашкавал „Здравје“ од Радово и „Осогово милк“ од Кочани, како и производителот на конзервиран зеленчук и овошје „Вори“ од Гевгелија.
Македонско-руската стопанска комора го организира и самостојниот настап на „Кадино индустри груп“, кој првпат со сопствен штанд ќе ги престави своите мелнички производи и свежо замрзнати тестенини.
- На националниот штанд на 56 квадратни метри руските увозници и дистрибутери, трговските ланци и најголемите маркети, како и другите деловни луѓе и бројните посетители, ќе можат да ќе се сретнат со вкусовите на квалитетната македонската храна и врвни вина. Македонско-руската стопанска комора по осми пат, а со државната поддршка, шести пат го организира презентирањето на македонската прехранбена и индустријата на пијалаци, микс што маркетиншки влијае на зголемување на пласманот на македонските стоки на овој голем пазар, вели извршниот директор на МРСК Дејан Бешлиев.
Во „Експоцентарот“ во Москва на „Продекспо 2017“ на 100.000 квадратни метри ќе се претстават преку 2.000 компании од 57 земји со 27 национални штанда, меѓу кои и македонскиот. Големата саемска манифестација повеќе децении по ред се одржува под патронат на Трговско-индустриската комора на Руската Федерација и со поддршка на државното Министерство за земјоделство и Управата на градот Москва.
Ново на Сител
-

Општина Касандра на Халкидики продолжува со отстранувањето на нелегално поставената опрема на плажите
-

Сиљановска-Давкова: Струга е пример за вредностите на Рамковниот договор и соживотот
-

Пронајдена дрога во кичевско, уапсени две лица
-

Ликот на Ерлинг Халанд осамна на 469 килограми кокаин вреден 20 милиони долари
-

Ја скинале сајлата и се скриле меѓу кутиите: Тројца мигранти од Судан пронајдени во камион во Скопје
-

Мета затвори над 750.000 профили во Австралија по забраната за пристап до социјалните медиуми за лица под 16 години
-

Андоновски: Македонија со скок од 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност
-

Чибишев: Ако водата во Скопје имаше ешерихија коли, ќе имавме над 50.000 пациенти
