Тенис
17. July 2015 - 16:03

Македонските тенисери поразени од Норвешка, загубена шансата за место во втората зона

Македонската тениска репрезентација претрпе порази во синг мечевите против Норвешка, со што ги загуби шансите да се бори за пласман во втората европска зона во Дејвис купот.
 
Во првиот меч од „Ц’’ групата во третата европска зона, Димитар Грабул беше непријатно изненаден од 16-годишниот Каспер Руд, кој се уште е без АТП ранкинг. Иако, Грабул убедливо го доби првиот сет со 6:1, сепак во следните два беше далеко под очекувањата, па младиот Норвежанец ги доби со 6:2 и 6:1, за конечни 2:1 во сетови и водство на Норвешка од 1-0 во победи.
 
Првиот македонски рекет, Томислав Јотовски, кој за противник го имаше 18-годишниот Виктор Дурасовиќ, кој има подобар ранкинг од него, загуби во три сета со 2:1.
 
Јотовски го доби првиот сет со 6:4, а вториот му припадна на Дурасовиќ со 6:3. Во решавачкиот трет донесе голема неизвесност, а дури по тај-брејкот победа славеше Дурасовиќ, за недостижна предност на Норвешка од 2:0 во пореди.
 
По оваа негатива, мечот во двојки меѓу, Грабул и Јотовски против Бјерке и Стеиро, е без резултатско значење за нашата селекција која останува во третата европска зона на Дејвис купот.

Ново на Сител