Loading Video...
Спорт плус
5. July 2023 - 18:31

Македонските одбојкарки со победа го завршија Балканското првенство

Женската пионерска репрезентација на Македонија за одбојкарки до 17 години со победа го заврши својот настап на Балканското првенство што се одржува во Врњачка Бања, Србија.

Македонските одбојкарки во својот последен натпревар на првенството, а во меч за седмото место, ја остварија првата победа совладувајќи ги врсничките од Молдавија со 3:1 во сетови.

Иако по израмнета игра првиот сет им припадна на Молдавките со 25-22, следните три ги добија нашите одбојкарки.

Во вториот црвено-жолтите возвратија со 25-21, а тоа како да им даде мотив повеќе на избраничките на селекторот на Александар Митев, па третиот и четвртиот сет ги добија убедливо со 25-13 и 25-11, за конечни 3:1

Така младата македонска одбојкарска селекција со четири порази и една победа заврши како 7-мо рангирана на Балканијадата.

Вечерва пак во Тирана, машката македонска селекција го започнува својот настап на Балканското првенство, на кое црвено-жолтите се во А групата во која редоследно же играат со Албанија, Турција и Србија.