-->
-->
Македонските одбојкари во Полска ќе атакуваат на две победи
-->
Македонската одбојкарска репрезентација ќе атакува на две победи во дуелите со фаворизираната Полска, на последните две средби од групната фаза во Европската лига.
„Црвено-жолтите’’ во петок и сабота ќе гостува во Полска во рамките од последното коло во А група.
По двата триумфи над Австрија, нашите одбојкари ги сочуваа шансите за пласман на завршниот Фајнал-фор турнир во Европската лига, но за остварување на целта првенствено се потребни две победи над актуелниот светски шампион Полска.
Сепак, покрај двете победи на Македонија над Полска, за пласман на „црвено-жолтите„ на завршниот турнир потребен е уште еден услов, а тоа се два пораза на Грција на гостувањето кај Словенија.
Македонските одбојкари вечерва со автобус тргнуваат за Белград, од каде со авион заминуваат за Варшава, а потоа ги чека уште 260 километри пат со автобус до Калиш каде ќе се играат натпреварите со Полска, двата со почеток во 17 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Иран призна голема штета на нуклеарните постројки
-
Хамас: Над 70 загинати од израелски напади во Газа за едно деноноќие
-
Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево зафати повеќе делови од земјава
-
Аплицирала за работа од дома, добила брз кредит на свое име – уапсени двајца измамници
-
Судот го одби барањето на Нетанјаху за двонеделна пауза во судењето
-
Еурофарм Пелистер денеска ги дознава противниците во Лигата на шампиони
-
Легендарната „10-ка“ во Барселона ќе ја носи Јамал
-
Ериксен: Докажав дека сум фудбалер, а не човек кој преживеал срцев удар