Карлос Саинц ја повлече кандидатурата за претседател на ФИА

Шансите на Мохамед Бен Сулајем да биде реизбран за претседател на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) се зголемија, откако денеска Шпанецот Карлос Саинц постариот (63) ја повлече својата кандидатура за челното место во ФИА.
„Со оваа порака, јавно потврдувам дека конечно решив да не се кандидирам за претседател на ФИА на овогодинешните избори“, објави Саинц на социјалната мрежа Икс.
„Работев напорно во текот на изминатите месеци за детално да ја разберам ситуацијата во ФИА и барањата и сложеноста што доаѓаат со еден толку важен проект. Откако темелно размислив, дојдов до заклучок дека сегашните околности не се идеални за поставување темели за мојата кандидатура“, додаде поранешниот двократен светски шампион во рели, четирикратен победник на Дакар и татко на истоимениот возач на Вилијамс во Формула 1.
Во моментов нема друг кандидат освен Бен Сулајем, кој ја води ФИА од декември 2021 година, кога го наследи Жан Тод.
Ново на Сител
-

ПС на Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија – важно институционално признание за напредокот на државата
-

Хоман нареди подготовки за повлекување на агентите од Минесота
-

Трамп вели дека Путин се согласил Русија да не ја напаѓа Украина една недела
-

Андоновски: Значително зголемен бројот на услуги во Центрите за услуги, најавени и е-Киосци
-

Герасимовски: Паричната помош за новороденче во Центар се зголемува од 7 000 на 10 000 денари
-

Израел врати 15 палестински тела, подготвувајќи ја следната фаза од мировниот план
-

Николоски за изградените два километри од автопатот Скопје-Блаце кои завршуваат во провалија: Очекувам новиот обвинител да отвори истрага
-

Нов закон во Русија: Доброволна самозабрана за игри на среќа како заштита од зависност
