Македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу осви прво место на натпревар во Србија
Македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу го освои првото место во категорија на постари пијанисти од основните училишта, на меѓународниот пијанистички натпревар „Sirmium Music Fest“ што се одржа од 16. до 19. март во Сремска Митровица (Србија).
На натрпеварот учествуваа 125 пијанисти од Русија, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Србија.
Натпреварувачите ги оценуваше меѓународно жири составено од еминентни педагози и пијанисти во состав: Густаво Зака (Аргентина), Владимир Млинариќ (Словенија), Ѓорѓе Станети и Леа Шантек (Хрватска), Снежана Вулета Поповиќ (Босна и Херцеговина), Милан Миладновиќ и Милица Продановиќ (Србија).
Арда Мустафаоглу е млад пијанист кој го завршува основното музичко образование во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје во класата на м-р Самира Мустафаоглу. Досега има освојувано први места на повеже меѓународни натпревари во Македонија, Србија, Албанија, Бугарија, Италија, како и на интернет меѓународни пијано натправари.
Ново на Сител
-
Уставен нема да поведе постапка за иницијативата на ДУИ
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познато гласачкото ливче за 19 октомври
-
Мицкоски најавува серијал случаи за работата на судии и обвинители
-
Лекарски прегледи во Трубарево по големиот пожар
-
Стручна комисија го испитува случајот со смртта на седумгодишното девојче во тетовската болница
-
Тошковски демантира дека убиената Росица барала помош преку СМС пораки од него
-
Ќе има одговорност за несобраното ѓубре во Скопје, кажа Мицкоски