-->
-->
Македонскиот филм „Допир“ доби финансиска поддршка од SEE Cinema Network
-->
Македонскиот краткометражниот филм „Допир“ во режија на Стојан Вујичиќ од продуцентската куќа Лунар Продукција е добитник на финансиска поддршка од филмската мрежа од Југоисточна Европа - SEE Cinema Network и од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Одлуката за финансиска поддршка е донесена во рамки на 26. Генерално собрание на меѓународната асоцијација Филмска мрежа на Југоисточна Европа - SEE Cinema Network, што се одржа вчера во Белград, а на кое присуствуваше и директорката на Агенцијата за филм на Република Македонија, Мими Ѓорѓоска Илиевска.
На Генералното Собрание беа присутни и претставници од земјите членки од Кипар, Албанија, Бугарија, Грција и Србија кои освен тековните активности ги разгледуваа и пријавените филмски проекти кои оваа година аплицираа за финансиска поддршка на краткометражни филмови, соопшти Агенцијата за филм на РМ.
Од вкупно 11 пријавени филмски проекти претставниците од земјите членки донесоа одлука да бидат поддржани осум филмски проекти и тоа два од Албанија со финансиска поддршка во износ од 4.000 евра по проект, два од Кипар со финансиска поддршка во износ од 4.000 евра по проект, и по еден проект од Бугарија, Македонија и Србија со финансиска поддршка во износ од 8.000 евра, се наведува во соопштението на Агенцијата за филм на Република Македонија.
На Генералното собрание беше презентирана новата веб страница на SEE Cinema Network која ќе придонесе за поголема промоција на активностите на мрежата и осовременување на поднесувањето на апликациите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?