Македонски семејства заглавени во Украина бараат помош: Оставени сме сами на себе

„Ние македонски државјани и уште едно македонско семејство сме заглавени во Киев, Украина, немаме транспорт, баравме помош од Амасадата, но оставени сме од нив, тие си ја напуштија Украина без нас! Да знаете сѐ уште сме во Киев. Бараме помош за евакуација", напиша Сашо Андонов на својот профил на Фејсбук.
„Фокус" стапило во контакт со Андонов, кој со семејството, односно со сопругата и две деца подолг период живееле во Киев. Тие моментално се во ходникот на зградата, бидејќи немале скривница.
„Страшно е ова, заглавени сме во Киев. Пред да почне сето ова имавме контакт со амбасадата, тие нè запишаа за евакуација, ние и без тоа немаме транспорт и последната надеж нѝ беше во амбасадата. Но, оставени сме сами на себе! Со свои сили се мачиме некако да најдеме начин да се префрлиме до границата на Полска или Унгарија, но е сè полошо и полошо.
Има повеќе семејства во Киев и сите се надеваме на помош од нашата држава за наоѓање на транспорт до безбедно место", вели тој.
„Се обидувам да стапам во контакт и со другите македонски семејства на кои им е потребна помош. За храна деновиве се снаоѓаме како знаеме, но апелираме нашата држава да нѝ помогне со евакуација“, додава Андонов.
Денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи информираше дека успеале да ги извлечат нашите дипломати во Украина преку безбедносен коридор и тие се биле тргнати кон Молдавија.
Ново на Сител
-

Кари повтори рекорд на Џордан
-

Обвинение против неготинец за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем
-

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани
-

Захарова: Ако нѐ нападне НАТО, Русија ќе одговори со сите расположливи средства
-

Мбапе по својот 400. гол: Треба да постигнам уште толку
-

Меси претпочита победа на Светското првенство пред уште една Златна топка
-

АМСМ: Од денеска законска обврска за зимска опрема за возилата
-

Стабилно време за викендот, од вторник променливо на места со обилни врнежи
