Македонски полицајци во Саранда ќе и помагаат на албанската полиција
Првата група припадници на македонската полиција пристигна во Албанија и тие главно се распоредени во подрачјето на бисерот на албанското крајбрежје, градот Саранда, каде ќе и помагаат на албанската полиција.
Веста ја потврди директорот на сообраќајната полиција на Албанија, Митат Тоља, додавајќи дека албанските полицајци се на охридското крајбрежје, во делот кај Струга.
- Во рамки на добрата соработка меѓу Албанија и Македонија, во Албанија пристигнаа полицајци од сообраќајната, но и крминалистичката полиција од Македонија, кои се распоредени, главно во подрачјето на Саранда, каде најчесто престојуваат македонските државјани. Во исто време наши полицајци се во Струга, изјави Тоља за тиранската телевизија Топ чанел.
Тој додава дека македонските полицајци за првпат се во Албанија за време на летната сезона.
Од први јули, осма година по ред, во Албанија се и косовските полицајци, кои се ангажирани во контрола на сообраќајот на автопатот Драч-Кукс-Морина, каде поради доаѓањето на косовските, но и други странски граѓани на одмор на албанскиот брег, фрекфенцијата е многу зголемена.
Поради присуството на туристи, но и доаѓање на емигрантите, поради што фрекфенцијата по патиштата во оваа земја се зголемува, Тоља апелира до сите учесници во сообраќајот строго да ја почитуваат поставената патна сигналзација и да ја прилагодуваат брзината според условите на патот.
Ново на Сител
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред