Македонски државјанин под истрага за криумчарење 13 мигранти, меѓу кои и две деца

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, постапувајќи по кривичната пријава на Министерството за внатрешни работи од 4-ти овој месец донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 26-годишен македонски државјанин. Истражната постапка е поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“ од чл.418-б ст.4 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик.
- На 03.03.2016 година околу 13:00 часот во близина на казиното „Принцес” кај Гевгелија, осомничениот прифатил и во насока кон Скопје и Куманово, со патничко моторно возило марка БМВ превезувал 13 мигранти, меѓу кои и две малолетни лица. Надлежниот обвинител, согледувајќи ги околностите што укажуваат дека постојат услови за определување на мерката притвор – опасност од бегство, особени околности што укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците и особени околности што го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави Предлог за определување на мерка – притвор против осомниченото лице. Судијата на претходна постапка по спроведено испитување на странките се согласи дека предлогот за определување на мерката – притвор е неопходен за непречено водење на кривичната постапка и донесе Решение со кое на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство на РМ.
Деветмина од мигрантите, како што се додава, кои илегално биле влезени на територијата на Република Македонија се вратени во Република Грција, додека останатите се задржани во својство на сведоци и сместени едно лице во Прифатниот центар за странци лоциран во Гази Баба, а мајка со две деца во Прифатниот центар за баратели на право на азил во Скопје.
Предметите за сторено кривично дело „криумчарење со мигранти“ се во надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во изминатиот период зачестен е бројот на сторители на ова кривично дело поради актуелната бегалска криза. Во Република Македонија, според статистиката за сторителите на ова кривично дело, видно е дека најчесто истото се врши од страна на поединци, поретко од страна на организирана група.
Според податоците во обвинителството, само годинава, во периодот од 01.01.2016 година до 07.03.2016 година, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје за сторено кривично дело – „криумчарење мигранти” по член 418-б Кривичниот законик, во работа примило кривични пријави против 30 полнолетни сторители, од кои шест се странски државјани.
Во 2015 година за кривичното дело криумчарење мигранти, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има подигнато вкупно 53 обвиненија, од кои што 22 се обвинителни акти против 24 обвинети лица, а 31 се обвинителни предлози против 40 лица, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-

ЈСП Скопје: Не е вистина дека тригодишно дете и тројца возрасни биле заглавени на жичарата на Водно
-

Одрон на патот Маврово-Дебар кај село Врбјани, сообраќајот по една лента
-

Јужнокорејски ферибот со 267 патници заринка кај островот Џинда
-

Обвинителство: Се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагдеијата во „Пулс“
-

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026
-

Судски совет: Недостиг на судии и заостанати предмети во судовите ширум земјава
-

Општина Аеродром ќе го исчисти просторот кај поранешен „Мекдоналд“ и ќе им прати фактура на сопствениците
-

Обвинителство: Одговорните за пожарот во „Пулс“ знаеле за ризиците, но избрале молк и профит, ќе докажеме дека никој не се обидел да ја спречи трагедијата
