Македонската опера и балет го отвора „Интерфест“ во Битола

Македонската опера и балет (МОБ) вечер во битолскиот Центар за култура со балетот „Шехерезада“ ќе го отвори 24. издание на фестивалот на класична музика „Интерфест“.
Во наредните десет дена, до 12 октомври, на повеќе фестивалски сцени во Битола ќе гостуваат уметници од 11 држави кои ќе понудат концерти кои претставуваат светска реткост во многу големи музички центри, а деновиве и во Македонија, истакна Милица Шперовиќ Рибарски, уметнички директор на фестивалот.
- Почнуваме со балетската претстава „Шехерезада“ на МОБ, една од најзначајните институции од областа на уметноста што го отсликува и афирмира културното живеење во Македонија, а веќе утревечер ќе ги имаме Ирина Захаренкова, пијанистка од Русија, и Оксана Синкова, флејтистка од Естонија, кои ќе понудат музика од 17.век, дела на Јохан Себастијан Бах и синовите. Како што е познато, Бах имал 20 деца,а 4 од нив биле познати композитори и токму ова дуо кое веќе пристигна во Битола утревчер ќе приреди концерт во салата на клавирите во Завод и Музеј-Битола, истакна Шперовиќ Рибарски.
Според програмата, на „Интерфест“ во Битола ќе настапат уметници од Германија, Италија, Кипар, Шпанија, Романија, Молдавија, а еден дисперизиран концерт ќе се одржи во националната галерија „Даут Пашин Амам“ во Скопје.
- Годинава ќе понудиме и еден редок настан, книжевна вечер со битолскиот, македонскиот и светски писател Владимир Костов. Со него ќе имаме кратка претстава која Костов специјално ја напиша за овој фестивал, а за гостите на фестивалот ќе имаме „Ноќ на серенада“ со наполитански песни кои ќе ги изведат Емилија Замунер и Марија Збеглија, мајка и ќерка од Италија, посочи Шперовиќ Рибарски.
Фестивалот на класична музика „Интерфест“ се одржува под покровителство на Министерство за култура и со поддршка на Совет на општина Битола.
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
