Спорт плус
5. August 2021 - 4:43

Македонската каратистка Пулексенија Јованоска го освои предпоследното место во кати

Нашата каратистка Пулексенија Јованоска која настапи во кати, на татамите се појави во елиминациската А група со уште четири каратистки. 
 
По двете изведби Пулексенија од судиите собра просек на оценка од 23.9  (23.80 прва и 24.00 за втора изведба на ката), па не успеја да се вброи меѓу  трите каратистки од својата група кои продолжија во следната рунда. 
 
Во вкупниот пласман таа заврши на предпоследното место во конкуренција на десет натпреварувачки.
 
Последен на Олимписките игри ТОКИО 2020 ќе настапи борачот Могагомедгадџи Нуров во слободен стил до 97 кгр. 
 
Неговите борби во осминан финалето започнуваа утре (петок – наутро) во 4 часот и 30 минути по македонско време.
 
Борбите за медал се истиот ден подоцна односно по 11:15 часот кога најнапред ќе се одрќти полуфиналето до 65 кг, а веднаш потоа и полуфиналето во тешка категорија во која настапува Нуров.