Македонска етно венчавка во општина Новаци
Во општина Новаци денеска почнува тридневната манифестација „Македонска етно венчавка“ чиј покровител е градоначалникот Лазар Котевски.
Годинава, учесници во венчавката се Пеце (41 г.) и Весна (26 г.) Талевски од Новаци, родители на две деца, кои 5 години се во граѓански брак, но не направиле црковна венчавка, информираат од локалната самоуправа.
- Попладнево според сите македонски обичаи и традиции градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски со неговата сопруга ќе ги канат кумот и деверот, а свадбарите ќе ги прдружуваат членови на три културно уметнички фолкорни друштва од Новаци, Могила и Гермијан. Утре, свадбата продолжува во 15 часот од дворот на општина Новаци каде ќе се вклучи локалното население, а в недела ќе се изведат и обичаите „забрикување на зетот“, „замесување на тесто од страна на сваќата“, и други. Венчавката на Пеце и Весна Талевски ќе се одржи во црквата „Св.Атанасиј“ во Новаци, информираат од општината.
За време на тридневната манифестација „Македонска етно венчавка“ ќе биде приредена и изложба на традиционална народна носија од Пелагонискиот и Мариовскиот регион.
Ново на Сител
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица