Македонки уапсени на преминот Прешево заради лажирање на вакцинација во Врање
Две државјанки на Република Македонија ги доведоа во заблуда здравствените работници во Србија, успевајќи да добијат потврда за вакцинација, иако не ја примиле вакцината, јави дописникот на МИА од Белград.
Инцидентот се случил во саботата околу 12 часот во Спортската сала во Врање на главниот пункт за вакцинација во тој град, потврдија од Основното јавно обвинителство во тој град.
Две државјанки на Република Македонија од Скопје, на возраст од 54 и 40 години, по лекарскиот преглед и добивањето потврда за вакцинација ја напуштија Спортската сала, иако не беа вакцинирани.
Според Миодраг Стојановиќ, портпарол на Основното јавно обвинителство во Врање, државјанките на Македонија биле запрени на граничниот премин Прешево, кога биле уапсени за кривично дело наведување на заверка на лажна содржина и сослушани и казнети со уплата за хуманитарни потреби од по 60.000 динари (510 евра) секоја.
– Двете државјанки на Македонија (54) и (40), од Скопје, дојдоа во Спортската сала во Врање, а потоа ги доведоа во заблуда здравствените работници за да им дозволат да ја пополнат согласноста за вакцинација против Ковид-19, така што по медицинскиот преглед и добивањето потврда за вакцинација се оддалечија од Спортската сала без да ја примат вакцината, по што беа запрени на граничниот премин Прешево, кога беа уапсени за кривично дело наведување на заверка на лажна содржина и сослушани, а по примената на принципот на опортунитет ја исполнија наложена основа со уплата за хуманитарни потреби од по 60.000 динари, се наведува во соопштението на портпаролот на Основното јавно обвинителство во Врање, Миодраг Стојановиќ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови