Македонија се приклучува кон иницијативата „Најголем глобален час“
Наставниците и учениците од сите основни училишта во земјата се приклучуваат кон глобалната иницијатива „Најголемиот глобален час“ за да се запознаат со новите глобални цели за одржлив развој.
УНИЦЕФ во соработка со Министерството за образование и наука ги покани наставниците во основните училишта да ги истражат важните глобални проблеми како што се човековите права, сиромаштијата и климатските промени на специјалниот Најголем глобален час.
Најголемиот глобален час е иницијатива во која децата од над 100 земји учат за новите цели за одржлив развој усвоени од страна на Генералното собрание на ОН на 25 септември.
Најголемиот глобален час се одржува во училниците на сите континенти, во текот на неделата од 28 септември. Се очекува 500 милиони девојчиња и момчиња на возраст од 8 до 14 години да имаат можност да се запознаат со глобалните цели, кои се движат од ставање крај на екстремната сиромаштија за сите луѓе насекаде, преку решавање на климатските промени, па сè до давање можност на сите деца да се стекнат со квалитетно основно и средно образование. Државните лидери и министри од повеќе земји ќе одржат настава и ќе учествуваат на часовите.
Како што се наведува во соопштението, најголемиот глобален час нуди уникатна можност да се поттикне глобалното граѓанство во училиштата низ светот. Преку оваа иницијатива се дава поддршка на наставата во голем број предмети како што се природните науки, географијата, граѓанското и техничкото образование и им се помага на наставниците да истражат важни глобални проблеми како што се човековите права, сиромаштијата и климатските промени.
Ново на Сител
-
Сириските Курди тврдат дека нема преговори меѓу СДФ и новата влада во Дамаск
-
Магла на Ѓавато и Плетвар
-
Променливо облачно, попладне повремен дожд, а на планините снег
-
Габриел викендов се враќа во тимот на Арсенал
-
САД објавија за успешно тестирање на суперсонична ракета
-
Му однел јадење на татко му кој работел на објект паднал и починал, 23 годишник загина во Скопје
-
Просветниот синдикат на Србија се солидаризира со студентските барања
-
Парламентот на Грузија забрани маски и пиротехнички средства за време на протести