Македонија се приклучува кон ЕУ борбената група HELBROC
Македонија се приклучува кон ЕУ борбената група HELBROC, која е под директна контрола на Советот на Европската унија и е дел од заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата. Во борбената група HELBROC, која е предводена од Грција, со свои вооружени сили учествуваат и Бугарија, Романија, Кипар, Србија и Украина, соопшти Министерството за одбрана.
Армијата на Република Македонија во HELBROC ќе учествува со еден лесен пешадиски вод од најмногу 43 лица во состав на Првата воздушна мобилна чета (Airmobile), заменик-командир на четата и подофицер за операции во штабот на HELBROC.
Соопштувајќи ја оваа важна вест пред новопримените професионални војници во касарната во Велес, министерката Радмила Шекеринска рече дека учеството во HELBROC го истакнува придонесот на Армијата за евроинтегративниот процес на Република Македонија.
– Армијата и одбраната не се важни само за нашето НАТО членство туку и за нашиот втор стратешки приоритет – членството во ЕУ. Владата потврди дека Македонија ќе се приклучи на мултинационалната ЕУ борбена група HELBROC. Со ова покажуваме дека нашите амбиции не завршија со членството во НАТО, туку се зголемија и ќе бидеме аргумент плус и за нашето членство во ЕУ, рече Шекеринска.
Мисиите во кои може да биде вклучена HELBROC се операции за поддршка на мир, раздвојување на завојувани страни, стабилизација, реконструкција и воено советување на трети земји, превенција на конфликти и операции за евакуација и асистенција на хуманитарни операции.
Ново на Сител
-
Мицкоски го почна премиерскиот мандат
-
Герапетритис: Уставното име е за севкупна употреба
-
Се санираат штетите од невремето во Тетово
-
Скопје ги сумира штетите од невремето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Комуналните претпријатија на обука за имплементација на Скада системот
-
Анализа: Дали Руската православна црква е инструмент за спроведување на политиките на Путин?