Бизнис
9. September 2015 - 17:37

Македонија може да извезува производи од говедско месо во ЕУ

Македонија  може да ги извезува сите производи од говедско месо во Европската унија, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски. 

Одговарајќи на новинарски прашања  по посетата на МИК Свети Николе, Поповски нагласи дека до крајот на годинава се очекува да биде овозможен и извозот на сите производи од риба. 

Во однос на свинското месо, додаде, засега во ЕУ Македонија може да извезува само конзервни производи.

 - Агенцијата за храна и ветеринарство организира состаноци со преработувачите и кланичната индустрија за да ги запознае со можностите да аплицираат и да се најдат на листата извозници во ЕУ, истакна директорот Поповски.