Македонија
30. April 2025 - 11:22

Охриѓанец завршил во болница откако голтнал ќесичка кокаин за да не го фати полиција

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишниот М.Ј. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „спречување на докажување“ по член 368 од Кривичниот законик.

Тој, на 07.03.2025 во 17.10 часот, од И.Д. од Охрид, набавил кокаин, по што бил пресретнат од полициските службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога.

Притоа, М.Ј. со намера да го спречи пронаоѓањето на опаковката со кокаин како предмет за докажување на кривичното дело, ја проголтал, по што бил пренесен во Општата болница во Охрид.