Македонија
20. March 2024 - 16:36

Македонија лани била втора најзагадена земја во Европа - Скопје, Тетово и Струмица меѓу најзагадените градови

Македонија во 2023, година била втора најзагадена земја во Европа. Меѓу најзагадените градови на стариот континент биле Скопје, Струмица и Тетово. Ова го покажува годишниот извештај на швајцарската организација IQAir која го мери квалитетот на воздухот. Анализирано е загадувањето со штетните 2,5 ПМ честички. На табелата за Европа пред нашата држава е само Босна и Херцеговина, зад нас се земјите од регионот.

На листата најзагадени градови на европскиот континент меѓу првите 15 се најдоа нашите Струмица на 12-тото и Тетово на 14 –тото место. Од главните градови Скопје е на 30-тото место во светот со отровен воздух.

Во извештајот се опфатени 134 земји и региони, а податоците се добиени од повеќе од 30.000 мерни станици. Само седум држави Австралија, Естонија, Финска, Гренада, Исланд, Маурициус и Нов Зеланд, ги исполнуваат ограничувањата на упатствата на Светската здравствена организација под 5 mg/m3. Најзагадена држава е Пакистан, а во Македонија е измерена просечна вредност 5 пати над дозволеното.

Најчист воздух дишат жителите на три помали градови во Финска.

Во извештајот е посочено дека годишно 7 милиони луѓе годишно ширум светот, повеќе од СИДА и маларија заедно.