Македонија има финалист на Европското Првенство за сениори во борење - слободен стил
Европско Првенство борење оваа година се одржува во Будимпешта, Унгарија од 28.03.2022 - 03.04.2022 година.
Нашата држава ја претставуваат 5 репрезентативци во борење слободен стил.
Борачот на БК Балканец Владимир Егоров се пласира во финалето до 57кг.
Во 1/4 Владимир го победи борачот од Германија со резултат 5:4, во полуфиналето Владимир извојува победа 10:0 со технички туш против борачот од Ерменија.
Во големото финале кое ќе се одржи денес по 18 часот Владимир Егоров ќе се сретне со борач од Азербејџан.
БК Балканец со Општина Штип ќе организира гледање на финалните борби на Плоштадот Слобода со почеток во 18 часот.
Резултати – Европското првенство 2022:
57 кг
Владимир Егоров – Никлас Штехеле (Германија) 5-4 ¼ финале
Владимир Егоров – Манвел Хнџрстјан (Ерменија) 10-0
Финале
Владимир Егоров – Алијабабас Рзазаде (Азербејџан)
61 кг
Бесир Алили – Адам Баибулатов (Франција) квалификации
70 кг
Фати Вејсели – Џанлука Таламо (Италија) 13-3 1/8 финале
Фати Вејсели – Зирадин Бајрамов (Азербејџан) 4-9
79 кг
Дејан Митров – Саифедин Алекма (Франција) 0-10 квалификации
97 кг
Могамедгаџи Нуров – Владислав Бајцаев (Унгарија) 4-6
Репасаж
Могамедгаџи Нуров – Батирбек Цакулов (Словачка)
Денс на душекот ќе се појави Бесир Алили, кога се и борбите за златото и за репасаж.





Вчера во Будимпешта се одржа и конгрес за европските земји -членки на Светската боречка асоцијација УВВ каде што присуствуваа Претседстелот на БФРСМ Дејан Богданов и Бобан Савев - член ма Управен одбор на БФРСМ.




Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор