Македонец загина во Мајами, на семејството му требаат 20.000 долари за да се транспортира телото

Делчевецот Дејан Димитровски-Зиле почина вчера во Мајами, САД, а семејството бара донации од хуманите луѓе, како би го транспортирале неговото тело во родната земја, пренесува delcevo365.mk.
Во овие тешки времиња семејството Димитровски има потреба од молитва и поддршка бидејки се потребни 20.000 долари за транспорт на неговото тело дома, во Македонија каде што Дејан ќе почива во неговиот вечен дом.
Сите донации ќе бидат искористени за транспортот и околу тој процес. Донациите се доброволни, а средствата можат да се донираат на линкот подолу каде детално е опишан начинот како да им се помогнеме на унесреќеното семејство
Димитровски, кои од срце им се заблагодаруваат на сите кои ќе учествуваат во обебзедувањето 20.000 долари, средства кои се повеќе од неопходни во овој тежок момент за нив.
Линк за помош на семејството Димитровски
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Градските инспектори во три смени ќе “ловат“ кој фрла отпад по 22 часот
-

Актуелни и поранешни функционери на СДСМ бараат реформирање на партијата
-

УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Mладите се застапени во политиката
-

СДСМ: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?
-

Полицијата целосно расчисти свирепо убиство во Штип
-

Полициските билтени полни
-

Затворени продавници за храна во близина на училишта, АХВ открила низа пропусти
