Македонија
23. May 2024 - 16:40

Македонците се условени да прифатат диктат откажувајќи се од самите себе, вели историчарот Панов

Република Македонија се соочува со политички условувања без преседан – да се откаже од меморијата, вклучително и од светите Кирил и Методиј и да ја раскине врската со своите вековни традиции само за да влезе во Европската Унија, рече историчарот Митко Панов на „Првите Кирилометодиеви научни средби“.

„Македонците се условени да го прифатат политичкиот диктат за самоприфаќање на тендециите за присвојување и национализирање на Кирилометодиевото наследство од една од земјите членки на ЕУ, откажувајќи се, со тоа, не само од изворните традиции за светите Кирил и Методиј, туку и од самите себеси“ - проф. д-р Митко Панов, Институт за национална историја

Панов тврди дека Бугарија во последните неколку години со сите сили се обидува да ги етнизира и национализира Кирил и Методиј, иако, како што рече, светителите немале врска со средновековната бугарска држава, ниту било кога ја посетиле и воспоставиле контакт со тогашното лидерство.

„Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија од 2018 година во кој е инкорпорирана оваа конструирана политичка синтагма за некаква заедничка историја и го обезебди на Софија најмоќното орудје за условување. Ревизијата на македонската историја и историското образование што во суштина го дефинира идентитетот и посебноста“ - проф. д-р Митко Панов, Институт за национална историја

На настанот свое обраќање имаше и поглаварот на Македонската православна црква, г.г.Стефан, кој порача дека делото на свети Кирил и Методиј мора да го чуваме повеќе од кога било.

„Како култура и како црква никогаш досега не сме биле исправени пред толкави напади кон сржта на учењето на светите Кирил и Методиј. Редно е, и како народ и како црква, да се покажеме вистински чеда на сесловенските светители и просветители“ – г.г. Стефан, поглавар на МПЦ

Според професорката Улчар, пак, нема опасност по македонскиот идентитет се додека постојат Македонци кои создаваат на својот мајчин јазик.

„Мислам дека е на потег македонската дипломатија која треба да тргне во една посериозна офанзива со аргументирана дискусија, а не со постојано повлекување на сите напади и  на сите услови кои ни се поставени од страна на источниот сосед“ - проф. д-р Елка Јачева – Улчар, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Научните средби се во организација на Институтот за национална историја и Православниот-богословски факултет „св. Климент