Македонците од Мала Преспа ја одбележаа Голема Богородица
Македонците од Мала Преспа го одбележаа празникот Успение на Пресвета Богородица во селото Церје.
- Во дворот на црквата, чиј патрон е денешниот празник, беа не само сегашни жители на селата од Мала Преспа, туку и поранешни жители и нивни потомци, кои денеска живеат во други делови на Абанија, но и соседните земји. Посебно тука беа Церјани за кои важи изреката, каде и да се, за овој празник тука да се, вели Васил Стерјовски.
По литургијата одржана во црквата „Успение на Пресвета Богордица“, одбележувањето продолжи со македонски песни и ора и скромна закуска во црковниот двор.
По повод празникот, честитка до сите Македонци упати македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и разгранокот за Голо Брдо.
- Почитувани и љубени Македонци и Македонки во Република Албанија, од името на македонското друштво „Илинден“ и разгранокот за Голо Брдо честитки по повод денешниот голем празник, посветен на Божјата Мајка. Посакуваме сите да одиме по примерот на Пресвета Богородица, да љубиме, почитуваме, да правиме само добри дела, стои во честитката.
Ново на Сител
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+
-
Предизборни превирања во ДУИ и ВРЕДИ
-
Најмалку два потписа за кандидатура на изборите – експертите предупредуваат на хаос со изборните листи
-
Утре почнува уписот на бруцоши на УКИМ: Како напредува процесот на дигитализација?
-
Вештачката интелигенција „ги изеде“ јуниорските работни места: Како сегашните и идните студенти да се подготват за новата реалност?